ЦЕНИ НА СТАНОВИ: Скопје презаситен од нови градби, државните станови ќе поефтинуваат!

Comments · 229 Views

Годишно во земјава се градат по околу 5000 станови, колку што според проценките изнесува и вишкото во понудата за продажба. Во последниот економски кавртал за 201

Според јануарските прогнози, годинава планирана е изградба на нови 632 станови. Менаџерите од градежниот бизнис велат дека понудата и натаму е значајно поголема од побарувачката. Ова е една од причините за можен натамошен пад на цените на метар квадратен станбен простор вели новата економска анализа на Порталб.мк.

Но, дополнително влијание ќе има и најавата за поефтинување на државните станови што ги продава Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Ниските цени што ги диктира државата преку ПУИК, според бизнисмените од градежниот сектор, доплнително може да ја намали побарувачката затоа што граѓаните ќе очекуваат натамошно намалување на цените.

 

Поголема понуда од побарувачка на станови!

Трошоците растат, но и цените на метар квадратен метар се намалува. Според последните расположливи статистички податоци, просечната цената на становите лани изнесувала 761,3 евра за метар квадратен. Во однос на 2012 та цената се намалила за 6,2 проценти. Градежниците признаваат дека трошоците растат, но и дека натамошниот пад на цените ќе се одрази и врз вкупната економија но и кај граѓаните, особено оние што се задолжиле со станбени кредити за купат некоја недвижност.

 

“Нашиот став е да не се промовира нагло намалување на цените на недвижностите, бидејќи еден таков потег може да има негативни последици врз вкупната економија. Тоа би била лоша порака и за домашните и за странските инвеститори од овој бзинис, но исто така и за оние што веќе купиле стан, особено акоз а него се задолжиле со кредит. Тоа значи дека ако нагло се намали цената а некој со банкраски кредит купил стан, тој автоматски губи од вредноста на својата недвижност која ја платил по повисока цена.“ – вели Сеат Кучан, бизнисмен и претседател на Комората за градежништво при Сојузот на стопански комори.

Според прдатоците, во јануари годинава се предвидува изградба на 632 нови станови, од нив 184 ќе ги градат физички лица а останатите 448 делловни субјекти. Вкупната вредност се проценува на скоро 40 милиони евра. Според бројот на новопланирани станови, предничи Скопје, потоа Вардарскиот, југозапдниот и на четврто место е Полошкиот регион.

 

Еве во кои од поголемите градови и општини, колку станови се планира да се изградат:

Струга 30
Дебар 20
Куманово 12
Битола 10
Гостивар 7

Во Скопскиот регион се планира изградба на вкупно 508 станови, од нив најголем дел во Аеродром 371, потоа во Карпош 82 станови а во Центар 17 станови. Според планот станови ќе се градат и во други општини како Кисела Вода, Гази Баба и Бутел, но воопшто не е планирана изградба во Чаир, Сарај, Шуто Оризари, Зелениково, Студеничани.
Иако изградбата на станови продолжува, пазарот е презаситен, особено во Скопје и во Охрид, коментираат менаџерите од градежниот бизнис. Поголемата побарувачка од понуда значајно влијае врз пад на цените.
“Во моментов цените би рекол дека се соодветни на условите. Сите трошоци, за материјали, вработени, нафта се пресметани во почетната цена по која се продаваат недвижностите. Сепак, цената зависи од состојбата на понудата и побарувачката на пазарот. Сега имаме состојба на поголема понуда од побарувачка. Според мене пазарот и економските услови треба да ја креираат цената на недвижностите а не скриениот маркетинг со кој се промовираат пониски почетни цени и со тоа се создава нерална слика за вредноста на невижностите. Според последните анализи, побарувачката на станови е намалена за 30 прценти а цените се намалени од 8% до 10%.“ – објаснува бизнисменот Кочан.

Во четвртото тримесечје од 2013 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување, во споредба со податоците за четвртото тримесечје од 2012 година, се повисоки за 1.4%. Трошоците за материјали се пониски за 2.5%, а трошоците за вработените се повисоки за 14.6%, евидентира статистиката.

Поефтините државни станови – удар за пазарната конкуренција ?

Акцијата за изградба на државни станови, за различна таргетирана група, според менаџерите од градежниот бизнис, имаше последици врз вкупниот бизнис. Од Јавното Претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор за годинава најавија намалување на цената за метар квадратен станбен простор за 5 проценти. Менаџменот на државната фирма вели дека и со ова намалување цените на становите се високи. Негираше дека на ваков начин им се задава удар на приватните компании од градежниот бизнис. Од друга страна, прватниот сектор аламира дека трошоците во бизнисот се во пораст а сегашните цени не се одржливи.
“Државната ПУИК промовира пониски цени на становите. Тоа како Јавно претпријатие има право да продава станови преку аукција, со што на тој начин се објавува почетната цена, која по аукцијата може да биде и значајно поголема.“ – оценува бизнисменот Кочан.

Со сличен став неодман излезе и Зоран Азманов, стопанственик од грдежниот сектор. Според Азманов, побарувачката за станови е намалена токму заради нереалните најави дека и годинава се очекува ново поевтинување на становите.
“Владата не треба да има тенденција цените на становите да паѓаат, бидејќи тоа може да има негативно влијание и врз економијата и врз банкарскиот систем. Изјавите дека цените ќе паѓаат може да ги дадат само компании како што е АД за стопанисување со станбен и со деловен простор кои земјата ја добиваат без пари од државата. Ако и тие како нас ја купат земјата на тендер или од приватен инвеститор тогаш нема да даваат такви изјави, бидејќи ќе видат дека тоа е реалната цена.“ – изјави Азманов.

Само во текот на минатата година државата изградила или почнала со градба на 653 станови за комерцијална продажба и 120 станови за социјално ранливите категории на граѓани. Од комерцијалните станови, 80% веќе имаат свој сопственик, односно се продадени.

Во моментов според анализите најзаситени од нови станбени градби се градовите Охрид и Скопје каде има и најголема разлика меѓу понудата и побарувачката на станови. Во Тетово и во Гостивар, се градат државни станови но таму соодносот на оние што продаваат и оние што купуваат станови е оптимален.

Годишно во земјава се градат по околу 5000 станови, колку што според проценките изнесува и вишкото во понудата за продажба. Во последниот економски кавртал за 2013 та година градежништвото е еден од секторите кои со 32,1 процент најмногу учествувал во вкупниот економски раст. Сепак овој удел се должи главно на ангажманот на градежната оператива во делот на инфраструктурни проекти, вклучувајќи го и “Скопје 2014“.

 

Za povekje info: https://stanovi-skopje.mk/

 

​извор: https://www.biznisvesti.mk/

Comments